Османи денеска ќе ги претстави приоритетите на македонското претседавање со А5
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред амбасадорите на земјите – членки и набљудувачи на САД – Јадранската повелба (САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Словенија), ќе ги претстави приоритетите и целите на државата за време на претседавањето со Повелбата во 2023 година.
Согласно агендата, најпрво ќе се одржи работен состанок со амбасадорите на САД – Јадранската повелба, а потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министерот Османи и амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, за претседавањето со А5.