„Чекаат Зарко Милошевски сам да бара одговорни за скандалот со АНБ, фали уште да му дадат Онишченко да ја води истрагата“
Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена. Тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД. Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот!
Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ.
Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија.
Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста.