(ФОТО) Еве како изгледаат новите дресови на РК „Алкалоид“
Во реновираната спортска сала во Автокоманда, денес беа промовирани новите дресови на РК „Алкалоид“.
Порталот КУРИР ги пренесува во какви дресови ќе настапуваат ракометарите.
РК Алкалоид е формиран во 2021 година со примарна цел младите ракометни таленти кои имаат потенцијал и желба за напредок правилно да се насочат и да се развиваат во врвни играчи со позитивни животни вредности. Правилната работа, дефинираниот систем на функционирање, како и интегритетот и кредибилитетот во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб.
Со организација на стручната работа, РК Алкалоид и неговиот тим од ракометни експерти ќе се стремат да им овозможат на ракометарите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари, кои ќе бидат столб на македонскиот ракомет.
РК Алкалоид по успешниот настап во дебитантската сезона во Првата лига обезбеди пласман во Суперлигата во сезоната 2022/2023. Прв тренер на тимот стана македонската ракометна легенда Кирил Лазаров. Во 2022 година формиран е и РК Мулти Есенс, екипа составена од помлади талентирани играчи кои формираат база на играчи што имаат младински репрезентативен потенцијал.