Трипуновски од Кочани: Ќе понудиме проекти и мерки за оризопроизводителите и земјоделците, кои ќе ги реализираме како идна влада на ВМРО-ДПМНЕ
Денеска ја продолжуваме практиката на одржување трибини со земјоделците ширум Македонија. После онаа во струмичкиот регион, денеска се наоѓаме во Кочани на средба со земјоделците од овој регион. Со оризопроизводителите ќе разговараме за сите актуелни состојби во оризопроизводството, и сите оние проблеми кои што ги мачат земјоделците од овој регион, ова денеска преку видео од Кочани го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Она што ќе биде главна цел и поента на оваа трибина е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сериозни проекти и мерки што ќе значат излез од оваа тешка ситуација во која се наоѓаат оризарите бидејќи ова е една од гранките која што опфаќа сериозна категорија на луѓе и поголем дел од Македонија, затоа што овие земјоделци навистина заслужуваат да имаат достоинствен живот и она кое што го произведуваат да имаат одреден економски бенефит за нивното семејство, вели Трипуновски.