Стефковски: Моја јасна определба е Гази Баба без кал

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информираше дека со буџетот за 2023 година се обезбедуваат 73.000.000 денари за ревитализација и рехабилитација на улици.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

Во буџетот за 2023 година обезбедуваме 73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на улици.
За прв пат во историјата на општината се определуваат 73.000.000 денари за асфалтирање на улици.
Моја јасна определба е Гази Баба без кал, а тоа значи до крајот на мандатот да нема неасфалтирана улица во општина Гази Баба. – напиша Стефковски.