„Промените се случуваат, секогаш со народот“ во Кисела Вода

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе присуствуваат на увид на градежни работи на нова градинка во населба Усје .

Настанот, информираат од партијата, е во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

По завршувањето на настанот изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.