По два дена во бегство уапсен велешанецот кој на пешачки ја усмрти 11 годишната Магдалена
Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го уапсија 29-годишниот А.Н. од Велес, кој во саботата околу 22.15 часот на ул. Борис Трајковски во Велес со патничко возило „мерцедес” со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).