Потпишан договор за поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан присуствуваше на потпишување на договор за пониски роаминг цени. Со овој договор од идната 2023 година Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот.