Осми ден потрага по исчезнатото лице од крушевско
Од 9 часот утринава ќе продолжи потрагата по исчезнатото лице во Крушевско.
Како што информира Центарот за управување со кризи се планира потрагата да продолжи потрагата кон шумските појаси.
-Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации, велат од ЦУК.
Потрагата по исчезнатото лице од Крушево трае во континуитет од самото пријавување во МВР во четвртокот, на 22.12.2022 година, но исчезнатото лице се уште не е пронајдено.
-Вовчерашната потрага учествуваа 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 пожарникари од ТППЕ Крушево, Регионалниот РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци. Повторно се пребаруваа сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места (колиби, напуштени куќи, штали). Екипите од МВР и ТППЕ Крушево се повлекоа во 15:30 часот, а Армијата се повлече во 17:00 часот, информираа вчера од ЦУК.