Одбележување на Светскиот ден на волонтерството
Црвен крст денеска на Плоштад Македонија ќе го одржи централниот настан за одбележување на Светскиот ден на волонтерство – 5 декември под мотото „Солидарност преку волонтирање!”.
– Преку игра на светлина, бои и холограм ќе се навратиме во минатото, ќе ја видиме куќата на нашиот основополжник Анри Динан, но и тој самиот ќе ни ја раскаже идејата за раѓањето на Црвениот крст. Ќе бидат доделени национални признанија на истакнати волонтери во знак на благодарност за нивниот севкупен придонес и остварувања во обезбедувањето поддршка на различни целни групи на население во Република Македонија за 2022 година, наведоа од Црвен крст.