Новогодишен спектакл во Гази Баба: Над 3.000 луѓе на плоштадот во Автокоманда

Градоначалникот на Гази Баба преку статус на Фејсбук пишува дека 3.000 дечиња вечерва добиле новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз.

„Нема ништо повредно на светот од детската насмевка и среќа.♥️

А среќата е единственото нешто, кое додека се дели, истото се зголемува‼️

Им благодарам на над 3000 дечиња и родители кои вечерва се собраа на плоштадот во Автокоманда за заедно да го дочекаме Дедо Мраз.

Овој новогодишен настан од оваа година ќе прерасне во нова традиција во општина Гази Баба“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

https://www.facebook.com/StefkovskiB/posts/pfbid02gmbDkm929PwRt8Ag1dRcKQdudbq5EpaHVdZbSSdm1y2iEuf2Vt656w6t9Q4NPYHul