ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за гостиварци, еве каде жителите може да ги подигнат

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за граѓаните.

-Поради актуелниот проблем со питката вода и забраната за нејзино користење за пиење, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода, кои ќе им бидат ставени на располагање на сите граѓани на кои им е потребна, информираат од партијата.

Пунктови за подигнување вода ќе бидат поставени на следните локации:

Центар – Градски плоштад – 14:00
Мара Угринова – Жито маркет – 14:00
Питарница – кај трансформаторот – 16:30
Кеј Вардар – Малиот мост кај Монтенегро – 16:00
Циглана – Пункт Циглана – 14:00
Малеарди – Старо Кам маркет – 14:00
Џамиџит Маало – кај кошот – 15:00
Дутлок – карши Судот – 18:00
Вруток – центар, кај џамијата – 16:30
Здуње – сред село – 16:30
Дебреше – На центар – 18:30
Балиндол – 18:00

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите граѓани кои имаат потреба слободно да ги посетат пунктовите и да подигнат вода.

-Ова е предизвик што не засега сите нас. Токму затоа, во вакви моменти најважни се солидарноста, меѓусебната поддршка и конкретната помош. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар останува покрај граѓаните и ќе продолжи да презема активност, велат од партијата.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK