Меџити пречека меѓународна делегација за економска соработка и развој

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес пречека делегација составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави.

За време на средбата, Меџити ги презентираше приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, инвестициите во образованието, културата и инфраструктурата, како и можностите за воспоставување соработка во области од заеднички интерес.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK