Меџити: Ахмети треба да остане лидер на ДУИ, но Груби и Османи да си заминат од владата

„Ја поддржуваме ориентацијата на Владата. Ова е принципиелна војна внатре во ДУИ. Ова ќе се рефлектира на поширокото ниво. Нема ништо лошо во ова. Цел владин состав потфрлува и треба да се сменат со нов свеж кадар“ потенцираше пратеникот и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити на денешната прес-конференција.

Тој смета дека ова не оди само на штета на ДУИ, туку и на штета на целата држава.

„Се работи за членството на ДУИ. Ќе ги користиме сите демокрастски средства, ќе одиме „тет а тет“ со членовите да видиме што велат тие“, дополни Меџити.

Тој нема дилеми дека Ахмети треба да остане лидер на партијата.

„Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица. На две седници на претседателството аргументиравме зошто луѓето потфрлуваат и дека треба да си одат“ рече Меџити.

Постави одговор

Your email address will not be published.