Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски
Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски. Наместо полицијата да ги гони криминалците, тие ги изгониле полицајците од полициска станица, а Оливер Спасовски ги обвини токму полицајците, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо нарко-бандата, Спасовски ги обвини полицајците кои што можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална група. МВР и чесните полицајци се немоќни да се справат со оваа шерифска банда која што ја знае цело Скопје, само поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда.
Функционери од МВР наместо да го гонат криминалот се на линија со оваа група. Откако Спасовски е на чело на МВР, полицијата секојдневно ја тресат скандали а полицајците се се повеќе понижени и доведени во загрозувачка позиција. Македонија е препознаена како земја на корупција и криминал, а МВР како неспособно и без ниеден затворен случај.
Наместо за борба со криминалот, МВР со Спасовски стана познато како соработник за вадење пасоши и туѓ идентитет на белосветски мафијаши, познато по вмешаност во трговија со дрога што и американската ДЕА презема акции на македонската територија, политички функционери од МВР бранат криминалци од униформирани полицајци, се прават обиди да се забошотат свирепи убиства, како она што сега доби судска завршница.
Оливер Спасовски е седум години на власт во МВР, седум години во кои процвета криминалот и корупцијата, а Македонија стана пашалак на шерифи на нарко-банди. Потребни се избори, за расчистување со криминалот, корупцијата и шерифувањето на нарко-картелите.