Колев: Велес е транспарентна и инклузивна општина, во соработка со граѓаните во буџетот за 2023 година ќе работиме на инфраструктурни проекти, реконструкции и бетонирање на улици, градинки и паркови

Пред се драго ми е и сакам да го поздравам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски што е денеска во посета на општина Велес сите општини кои што се раководени од кадар на ВМРО-ДПМНЕ овие два викенди имаат отворени денови се среќаваат со граѓаните се со цел да соберат што е можно повеќе идеи за подготовката на програмата и буџетот за наредната 2023 година. Но можам да кажам тука дека ние во изминатите два месеци може и повеќе работиме на подготовката на програма и буџет се со цел програмата да биде реална, програмата да биде од граѓаните и програмата што ќе ја усвоиме до крајот на оваа година да биде лесно имплементирана во 2023 година, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.

-Ова нема да биде последна наша средба со граѓаните ние во наредниот период имаме уште неколку размислувања како да ја продолжиме комуникацијата со граѓаните имаме сериозна сума на финансиски средства што ја имаме издвоено за подобрување на основната инфраструктура во Велес зборувам за асфалтирање и бетонирање на улици, тоа сакаме во наредниот период да го направиме со граѓаните да ги дефинираме точно улиците за што отприлика за 10-тина дена ќе имаме голем настан каде што ќе бидат поканети граѓаните на општина Велес на тематска работилница или тематски настан каде што ќе ги зборуваме овие работи а после тоа заедно со мене и со советниците ќе излеземе на терен да ги видиме конкретно улиците, стручните служби на општина Велес ќе си испаднат на терен да ги измерат да направиме пресметки некаде крајот на јануари почетокот на февруари јас ќе интервенирам во програмите каде што ќе се внесат точните имиња и презимиња на овие улици. Ова прв пат се случува во општина Велес, една инклузија не само неколку луѓе да ги кажуваат улиците кои што ќе бидат реконструирани или асфалтирани, ова треба да биде барање на граѓаните. Она што сакам да го спомнам и да ве информирам дека имаме неколку поголеми работи кои што сакаме да ги направиме и големи проекти кои што сакаме да ги направиме во 2023 година, имаме неколку проекти кои што веќе се почнати, мораме да го завршиме градскиот пазар во првите 3 месеци од наредната година и да го ставиме во функција, заради тоа што тоа е ветување 15 години изминат период. Кејот на вардар кој што го почнавме но за жал еве преку инспекциите на министерството за животна средина ни го закочија правиме се за да го продолжиме тој проект кој што се работи за финансиски средства од ЕУ да во првата половина од годината да го завршиме. Имаме предвидено финансиски средства за еден од најгорливите проблеми на општина Велес тоа е промена на целосно улично осветлување за што имаме предвидено сериозни финансиски средства, и веќе барањата на нашите сограѓани во делот на тоа оваа улица свети оваа не свети, оваа е прегорена, оваа не е прегорена, тоа да го тргнеме заради тоа што ќе имаме и систем за мониторинг и димирање на овие светилки, кажав дека ќе работиме на идентификување на улиците во руралните и во урбаните средини, но имаме еден милион евра кои што ќе бидат ставени на располагање се работи на еден грант од светска банка за веќе дефинирани улици, за 4-5 веќе имаме и фирма ја знаеме фирмата која ќе ја работи но наредниот период треба уште три улици тоа е овој пастер тоа е дел од улицата Љубљанска и дел од улицата 8 ми март да бидат ставени во програмата и да бидат реконструирани. Силно ќе се фокусираме и на активностите што ги имаме на подобрување на инфраструктурата и реконструкциите на детските игралишта, значи предвидено е големиот комплекс во населба дворови да биде целосно реконструиран со над 200 илјади евра, во тунелот ќе работиме ќе работиме во младинскиот парк, во помалите детски паркови така да се со цел 2023 година да се сконцентрираме на овие работи, истакна Колев.

Нема да ја заборавиме и културата, значи она што се случуваше во 2022 ќе се преслика и во 2023 година но имаме уште неколку манифестации кои што ќе бидат нови и ќе бидат општо прифатени од страна на граѓаните на општина Велес, додаде Колев.