Изминатото деноноќие произведени 16.178 MWh и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 19.12.2022година произведе 16.178 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.211 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.967 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

  • Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 19.12.2022 година.