За два месеца згаснале 707 компании– најмногу во Скопје
Во октомври и во ноември годинава, клуч на врата ставиле 707 компании, покажуваат податоците на БизнисМрежа.мк. Споредбата со истите месеци од минатата година покажува дека деловната битка ја загубиле повеќе правни субјекти. Имено, во октомври и во ноември лани, клуч на врата ставиле 634 фирми. Така, годинешниов биланс за претходниве два месеца покажува раст на згаснати компании од 11,5 %.
Ако затворањето на компаниите е сликовит начин за покажување на деловниот амбиент, тогаш овие податоци покажуваат влошување на состојбата во октомври годинава, кога се затвориле 339 правни субјекти, за разлика од истиот месец лани, кога се затвориле 264. Но, веќе во ноември има речиси ист број на згаснати компании како и ланскиот ноември. Имено, претходниов месец биле затворени 368 компании, а ланскиот ноември клуч на врата ставиле 370 компании.
ВО КОИ 5 ГРАДОВИ НАЈМНОГУ СЕ ЗАТВОРАЛЕ ФИРМИ?
Податоците покажуваат и дека во првите 5 градови по затворени фирми, затворени се 328 правни субјекти, а тоа е речиси половина од вкупниот број на затворени фирми во овој период во однос на сите 58 анализирани општини или градови. Само во Скопје, пак, затворени се 161 фирма, што е 23 % од вкупно затворените 707 компании во овој период.
ТОП 5 градови по затворени фирми во октомври и ноември 2022