Дојава за бомба во основното кумановско училиште „Браќа Миладиновци“

Повторно дојава за бомба во кумановското основно училишта „Браќа Миладиновци“, потврдија за МИА надлежните од училиштето. Учениците се безбедно евакуирани и забележливо е зголемено присуство на полиција покрај училиштето. Првично, дојави има и во други училишта во Куманово во централно градско подрачје и во рурални средини.

Според информациите на директорката на училиштето, Јасмина Спасовска, учениците се евакуирани на безбедно за пет до шест минути.

– Повторно евакуација на ученици, овој пат од друг имејл е испратена дојавата. Имаме присуство на полицијата, очекуваме и други единици. Ова прво полугодие завршува, остануваат уште два дена. Наместо да прославуваат учениците, овие денови преминуваат во нешто поинкаво. Ќе ги чекаме насоките од службите за тоа дали ќе продолжи наставата, изјави Спасовска.

„Браќа Миладиновци“ е централно училиште, испразнети се и дисперзираните објекти и во градот Куманово и во селата.