(ДОКУМЕНТ) Димитриеска Кочоска: СДС ја одби помошта за набавка на гас по цена од 850 евра, а од почетокот на грејната сезона е купуван по цена од 1560 евра
Во земјава се плаќа гас по цени и до 1950 евра за 1000 нормални метри кубни, а просечната цена по која е набавуван од почетокот на грејната сезона е 1560 евра.
ВМРО-ДПМНЕ понуди позиции и контакти кои се во можност да обезбедат гас за Македонија по поволни услови за државата.
Ова е документ од компанијата трговец со енергенси, регистрирана во Швајцарија даден до ЕСМ продажба, од кој се гледа цената на и количината која била понудена. Цената за 1000 нормални метри кубни гас која е понудена до ЕСМ е 850 евра. Оваа цена е фиксна и важела за период од ноември до крајот на април, за испорака на над 200 милиони кубни метри гас.
Цената понудена од контактот даден од ВМРО-ДПМНЕ е за неколку стотина евра пониска од берзанската. Истата овозможува сигурност и предвидливост и за државата и за економијата и би не штитела од евентуални потреси на пазарот на енергенси во зимскиот период кога цените поучени од минатата година може да одат и над 3.000 евра за 1000 нормални метри кубни гас.
Наместо да ја прифати можноста да се набави гас поефтин од берзанските цени за неколку стотина евра, владата продолжи да купува скап гас заради лични бизнис интереси.
Очигледно е дека СДС заради инает и политичка незрелост, не ја прифатија помошта од ВМРО-ДПМНЕ, плашејќи се дека целосно ќе излезе на површина нивната неспособност. На еден или друг начин нивната неспособност излезе на површина, само граѓаните на Македонија се тие кои страдаат и од чии пари се плаќа скапиот гас, скоро двојно поскап од тој што можеше да се купи доколку СДС и Ковачевски ја тргнеа на страна својата суета.
Нема оправдување за Владата на СДС кои свесно ја донесоа Македонија во положба да губи милиони евра неделно, само заради нечија суета и инает.
Договорот кој е понуден од фирмата трговец со енергенси е класичен ЕФЕТ договор, договор кој го користат сите фирми кои тргуваат со енергенси во ЕУ, и истиот е заштита и за државата бидејќи претставува европска пракса.
СДС и Ковачевски само заради политичка суета, од страв дека од авион ќе се гледа нивната неспособност, не ја прифатија помошта и можноста, која ВМРО-ДПМНЕ не ја понуди заради нив, туку заради народот и компаниите кои се мачат да преживеат.
СДС и Ковачевски немаат државотворен капацитет и не можат да го стават државниот над партискиот и личен интерес, затоа потребни се промени и Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја направи Македонија енергетски стабилна држава, која нема да има потреба од скап увоз на струја.