Вучевиќ: Се надевам дека КФОР ќе биде доволно паметен да не дозволи насилно отстранување на барикадите на Косово
Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека се надева оти ќе има „доволна интелигенција и одлучност“ во КФОР и ЕУЛЕКС да не дозволат насилно отстранување на барикадите на Косово.
Ние сме подготвени (Србија да испрати барање до КФОР за враќање на безбедносните сили на Косово) и Владата ќе одлучи за тоа во текот на неделата. Тоа (испраќањето на барањето) не ни падна на памет од очај, туку поради правните обрасци од Резолуцијата 1244, бидејќи очигледно нема доволно безбедносни капацитети, изјави министерот за белградски медиуми.
Тој рече дека Србија ќе се обиде да направи се што може за да го зачува мирот и дека ќе бара политички договор, но дека за тоа е потребна волја од двете страни, односно и од Белград и од Приштина.