Во Кавадарци има дојави за бомби во неколку училишта, наставата е прекината
Утрово се регистрирани дојави за поставени бомби во неколку училишта во Кавадарци, објави локалната КТВ телевизија.
„Полицијата работи на терен, учениците од училиштата каде има такви дојави се испуштени од настава. Повеќе официјални информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) следуваат во текот на денот“, се вели во објавата.
Трендот со дојави за бомби во основните и во средните училишта трае веќе еден месец.