Јовановски: Непрокопсани, чувајте се од верниот пес скитник, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи

Јовановски: Непрокопсани, чувајте се од верниот пес скитник, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори новиот бугарски културен центар што го носи името на Цар Борис III.
Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу полемики во македонската јавност.
Реагира и актерот Владо Јовановски, кој беше еден од водачите на движењето За Заедничка Македонија.

„Абе гниди едни, / вошки квислиншки – петоколонашки.

Ако некои посакаат да формираат културен центар, “Цар Адолф Хитлер први”, ќе им дозволители да го легализираат или не?

И зошто не?

Душегубници едни низаедни!

Овците цел живот се плашат да не бидат изедени од волците, а на крајот, пастирот ги коле и ги јаде!

Или ги продава…

Кога пастирот е “заминат”, со умот, тогаш кучињата прават “дил” со волците и заедно, во чопор го растргаат стадото!

А тоа што ќе остане како мрша, орлите го чистат.

Арно ама, секогаш има по некој пес скитник, кој е лојален заштитник на стадото, а не на пастирот!

Непрокопсани, чувајте се од тој пес, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи“, напиша Владо Јовановски.

Охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Бугарија.