ПУКНА доводен цевковод на ХЕЦ Врбен (ВИДЕО)
Пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово Ростуше, а истиот е во надлежност на ЕСМ (ЕЛЕМ), објави Курир и од истиот моментално истекува голема количина на вода.
Хидроелектричната централа Врбен е сместена во близина на селото Врбен и е дел од ХС Маврово, заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен.
Видео од пукнатиот доводен цевковод на ХЕЦ Врбен (Општина Маврово и Ростуше) при ЕСМ (ЕЛЕМ) pic.twitter.com/4gcrPlnQ94
ХЕЦ Врбен е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и истата претставува проточна хидроелектрана.
Таа има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.