Арјанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст
Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа на својот Фејсбук посочи дека Милениумскиот крст на Водно треба да се исклучи.
Ваквото барање доаѓа по одлуката во Париз да се исклучи Ајфеловата кула.
„Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја, особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи во текот на оваа зима. Наместо нашите владетели да ни кажуваат како да се користи струјата дома, јас јавно предлагам да почнат да се штедат и да престанат со непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!“, пишува Хоџа.