Пренџов: Очекувам Артан Груби да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик

Добро утро на сите освен на Артан Груби.

„Од Вицепремиерот задолжен за ништо во владата, очекувам до пладне да ѝ се извини на македонската јавност за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата која тој ја организираше со народни пари“, напиша на Фејсбук пратеникот Љупчо Пренџов.

„Очекувам и комплетна информација за тоа кој свиркал, зошто свиркал и кој ги поткнал да го прават тоа!?

Во оваа држава даноци плаќаат и Македонци и Албанци, но и Турци, Власи, Роми, Срби…

Настани организирани со народни пари (од сите) кога ќе завршат на начин како овој деновиве, несомнено мора некој да сноси МОРАЛНА И ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ!!

Ајде Артане покажи ги твоите ЕУ вредности со тоа што ќе поднесеш оставка и ќе дадеш пример на твоите другарчиња од прославата која ТИ ја организираше, дека такви девијантни појави не смеат да се случуваат во “едно општество за сите”, истакна тој.