Ќе се оданочуваат и штедните влогови на граѓаните во банките
По појавувањето на веста дека власта ќе ги оданочува и штедните влогови на граѓаните во банките, со свој пост се јави Александра Андреева, член на Комората на Сметководители на Република Македонија.
Еве што порача Андреева:
- Месечна провизија за одржување на сметка (дури и кога со месеци нема ниту една трансакција)
- Провизија за прва, втора или трета декада
- Провизија за налози во платен промет (и тоа електронски сами ги внесуваме, оти не дај Боже во банка да отидеш да ти поминат налог, во некои банки е неверојатни 120 денари по налог!)
- Провизија за изводи (кои бај д веј сами ги печатиме)
- Провизија за проверка на салдо на сметка
- Провизија за затворање на сметка
- Провизија за платежна картичка
… и така натаму до недоглед со креативноста на банките за провизијата која ниту еден закон не ја регулира, па затоа од година на година нижат милионски добивки и си исплаќаат се поголеми дивиденди. Оти чувај Боже некој нив да ги чепне.
Ама затоа вие кои можеби некако сте успеале да заштедите барем 1000 евра и да ги орочите во банка (вие си знаете кои магии ви требале за тоа, веројатно од вишокот од покачувањето на минималната плата), со најновите брилијантни реформи во најава бидете подготвени дека најверојатно и за тоа ќе треба да платите данок на државата.
Се расположивте од информацијава? Не, и јас не. Ај може следниот пат Васко Жабата ќе ни ги испее реформиве за полесно да ги свариме.