УХМР предупредува за невреме со пороен дожд и силен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. UV = 5

Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, а дневните ќе достигнат максимални 30 степени.

Слично време најавено е за Скопје каде максималната дневна температура ќе биде 29 степени.

За утре се најавува променливо облачно со сончеви периоди, од пладневните часови ќе биде нестабилно, особено на југоистокот, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6

Од УХМР информираат дека во следните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи.

Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд (над 30 l/m2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период.