Судијката која судеше за пасошите издадени на светски криминалци: Полицијата и Обвинителот намерно изоставиле „дел од службените лица“

Судиката Оља Ристова, која судеше во случајот „Двојник“ за издавање на 215 македонски пасоши на белосветски криминалци, вели дека полицијата и Обвинителот го подготвувале предметот селективно намерно изоставувајќи „дел од службените лица“.

Ристова истакнува дека никому не му е јасно зошто се случувало тоа, освен на полицијата и на Обвинителот, којшто се занимавал до тој предмет.

Судијката порачува дека за да се надминат ваквите сериозни пропусти треба да има ревизија на тој предмет.