Спасовски им се заблагодари на припадниците на полицијата што ги чуваа од народот!
„Денеска граѓаните на Македонија, чествувајќи го Илинден, покажаа како се празнува обединето, достоинствено, државнички. Во духот на аманетот на Илинденците, аманетот којшто го продолживме и го пренесуваме на идните поколенија, да ја градиме нашата држава, колоритна во традициите, обединета во различностите – држава на сите што живеат во Република Северна Македонија.
Заблагодарувајќи се на граѓаните, би сакал да упатам посебна благодарност на припадниците на македонската полиција кои се погрижија сите реализирани настани да поминат во најдобар ред. Тие уште еднаш покажаа дека се гарант на стабилноста и на безбедноста, дека се во служба на нашите граѓани. Заеднички продолжуваме напред, уште посилно, кон просперитетна и европска Република Северна Македонија“ – напиша Спасовски на својот официјален фејсбук профил.