СДСМ: Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, двојна победа на Ковачевски, Мицкоски доживеа пораз на изборите
Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
„Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
На вонредните локални избори граѓаните испратија силни пораки дека сакаат напредок, европски вредности и не сакаат блокади, деструкции и лаги.
Затоа на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев им се случи нов изборен пораз. Ковачевски го победи Мицкоски на првото изборно соочување.
ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица доживеаја изборен дебакл.
Двојна победа на СДСМ и коалицијата во двете општини каде што имаше избор на градоначалници, Центар Жупа и Маврово Ростуше. И драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа.
ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотраше изборите, надевајќи се дека ќе проpаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови.
Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има драстичен и постојан пад на гласовите. Од речиси 6.000 гласови во 2017 година на 3.000 гласа на вонредните избори сега.
СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово кадешто има над 80.000 гласачи.
А Левица, прорускиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ не освои ниту еден советник во Тетово, нула.
Почитувани,
Се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните а анкетите што ги нарачуваат се неточни и погрешни.
Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, сите деструкции на Мицкоски и Апасиев и сите нивни погрешни политики на штета на државата.
Со својот глас за СДСМ и коалицијата, граѓаните покажаа дека знаат да ги препознаат вистинските политики, застанаа зад вистинските луѓе и зад вистинскиот, европски концепт“, изјави Каевски.
Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски одговори:
„Тие што беа најгласни и говореа дека сакаат предвремени парламентарни избори на овие вонредни локални избори доживеаја апсолутен пораз.
Изгубија во двете општини катастрофално и тоа е доказ дека анкетите којшто ги нарачуваа се нерелевантни и нереални.
Истото ќе се случи и на редовните парламентарни избори во 2024 година, односно на тие исти избори Мицкоски повторно ќе биде поразен“, заклучи Каевски.