Почина актерот Митко Апостоловски
Aктерot Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст. Тој беше доајен на битолското и македонското глумиште, театарски, филмски и телевизиски глумец, кој театарската, филмската и телевизиската публика ќе го паметат по многу голем број на улоги кои тој во својот богат работен век ги реализира.
Роден е во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).
Одиграл многу театарски улоги, беше дел од ТВ сериите „Наши години“, „Илинден“, „Белото циганче“, „Тврдокорни“, оствари улоги во филмовите „Бог да ги убие шпионите“, „Заборавени“, „Големата вода“, „Трето полувреме“, „До балчак“, „Последниот македонец“.
Од него на социјалните мрежи се простија многу колеги и пријатели.