Пецаков: Maратон годинава ќе има, од следната Општина Охрид ја презема организацијата

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков на прес конференција објави дека најстарата спортска манифестација е спасена. Тој објасни дека Охридски маратон годинава сепак ќе има а од следната Општина Охрид ја презема организацијата.

„Маратон ќе има. Две или три години има неисплатен фонд кон пливачите.Начинот на водење на овој маратон од година во година се уништува.Тоа се гледа и во посетеноста. Ќе направиме се што е во наша моќ да го организираме маратонот а од следната година и да го организираме“ – изјави градоначалникот.

Ова доаѓа откако првиот човек на пливачката федерација Горан Стојановски и шефот на државата Стево Пендаровски кој досега беше покровител објавија дека маратон нема да има поради финансиски проблеми.

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=497209595498951