Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката македонско-бугарска меѓувладина комисија” за стотина македонски научници се ништовни и нерелевантни за нивна понатамошна научно-истражувачка дејност.

Повеќе од сто македонски научници и истражувачи со индигација ги отфрлаат Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и ги сметаат за псевдонаучни.

Научниците и истражувачите објавија заедничка изјава по повод “Препораките за заедничко одбележување на историски личности” на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“.
Нивната Изјава ја пренесуваме во целост:

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, ние, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрламе Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини:

– “Препораките…” го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено – за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

– “Препораките…” ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.

– Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како “заедничка” бугарско-македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.

– Под привид на реципроцитет, “Препораките…” промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

– Во овие “Препораки…”, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.

– “Препораките…” го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.

– Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во “Препораките…” се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.

– Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум – од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.

– Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.

Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. “Препораки за заедничко одбележување на историски личности” на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија…”

Потписници:

акад. Катица Ќулавкова

акад. Љупчо Коцарев

акад. Ѓорги Поп Атанасов

акад. Зузана Тополињска

акад. Витомир Митевски

акад. Марјан Марковиќ

акад. Митко Манџуков

акад. Леонид Грчев

проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ

проф. д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ

проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ

проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки и политичко правни истражувања, УКИМ, Скопје

проф. емеритус Горан Калоѓера, дописен член на МАНУ

проф. д-р Александар Атанасовски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Војислав Саракински, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Коста Аџиевски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Михајло Миновски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Стефан Пановски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Виолета Ачкоска, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Драги Митревски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Никола Минов, вонреден професор, Филозофски факултет

проф. д-р Марјан Јованов, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Виктор Лилчиќ, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. Д-р Антонио Јакимовски, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ проф. д-р Бошко Ангеловски, Институт за старословенска култура, Прилеп

проф. д-р Ели Луческа, Инститyт за старословенска култура, Прилеп

проф. д-р Ели Милошевска, Институт за старословенска култура, Прилеп

д-р Наде Проева, редовен професор во пензија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Митко Б. Панов, Институт за национална историја, Скопје

проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, Институт за национална историја

проф д-р Габриела Топузовска, Институт за национална историја

проф. д-р Лидија Ѓурковска, Институт за национална историја

проф. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска, Институт за национална историја

проф. д-р Катерина Тодороска, Институт за национална историја

проф. д-р Вера Гошева, Институт за национална историја

проф. д-р Теон Џинго, Институт за национална историја

проф. д-р Драгица Поповска, Институт за национална историја

проф. д-р Горѓи Чакарјаневски, Институт за национална историја

проф. д-р Марјан Димитриевски, Институт за национална историја

проф. д-р Ѓорги Малковски, Институт за национална историја

проф. д-р Новица Велјановски, Институт за национална историја

проф. д-р Александар Манојловски, Институт за национална историја

проф. д-р Лилјана Гушевска, Институт за национална историја

проф. д-р Нада Јурукова, Институт за национална историја, Скопје

проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова, Институт за национална историја

проф. д-р Елизабета Демитрова, Институт за историја на уметност, Филозофски факултет

проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Правен Факултет “Јустинијан Први”, УКИМ

д-р Симона Груевска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Александра Ѓуркова, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“- Скопје, УКИМ

д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ

проф. д-р Билјана Ванковска, Филозофски факултет – УКИМ, Скопје

проф. д-р Јасна Котеска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје

проф. д-р Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје, УКИМ

д-р Велика Стојкова Серафимовска, виш научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“, УКИМ

проф. д-р Иванка Василевска, Правен Факултет „Јустинијан Први“, Скопје, УКИМ

проф. д-р Стојко Стојков, УГД, Штип

проф. д-р Тодор Чепреганов, УГД, Штип

д-р Катица Топлиска-Евроска, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ

д-р Олгица Додевска-Михајловска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Гоце Цветановски, научен советник/редовен професор, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

проф. д-р Сузана Миовска – Спасева, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

д-р Катица Трајкова, научен советник, Институт за македонски јазик “Крсте Мисирков”,

д-р Снежана Петрова-Џамбазова, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Наталија Андријевска, научен советник, ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, УКИМ

д-р Весна Миовска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Елеонора Серафимовска, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

д-р Маријана Марковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

д-р Марија Топузовска Латковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

проф. д-р Наташа Аврамовска, раководител на Институтот за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Маја Јакимовска – Тошиќ, Институт за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Илија Велев, Институт за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Валентина Христовска-Миронска, Институт за македонска литература

проф. д-р Славчо Ковиловски, научен советник, Институт за македонска литература д-р Билјана Рајчинова Николова, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Ема Лакинска, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Жарко Иванов, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Славица Петровска Ѓорѓевска, соработник истражувач, Институт за македонска литература

проф. д-р Љубица Станковска, Институт за македонски јазик

д-р Иван Иванов, Меѓународен балкански универзитет, Скопје

проф. д-р. Антоанела Петковска, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Солза Грчева, редовен професор во пензија, УГД – Штип

проф. д-р Мимоза Серафимова, УГД, Штип

проф Ѓорѓи Серафимов, УГД, Штип

д-р Бранислав Светозаревиќ, Архив на Р. Македонија

м-р Александар Јорданоски, лингвист и специјалист за културно наследство

проф. д-р Мишо Нетков, ЕСРА, Скопје

проф. д-р Слоботка Алексовска, ПМФ, УКИМ

проф. д-р Верица Јосимовска, УГД Штип

проф. д-р Михајло Марковиќ, Универзитет во Тетово

проф. д-р Благица Петковска, Педагошки факултет, УКЛО

проф. д-р Игор Улчар, Факултет за ветеринарна медицина – УКИМ

проф. д-р Богдан Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ

проф. д-р Јане Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ

проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, Технолошко-металуршки факултет, УКИМ

доц. д-р Соња Николова, историчар

д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на Р. Македонија

д-р Јасмина Дамјановска, Архив на Македонија

проф. д-р Марина Цветковска, Универзитет на Отава, Канада

д-р Ведрана Цветковска, МекГил Универзитет

поф. д-р Игор Јанев, научен советник, Институт за политички науки Белград

проф. д-р Гоце Андревски, Квинс Универзитет, Канада

проф. д-р Марјан Попов, Технолошки Универзитет – Делфт, Холандија

д-р Александар Шулевски, научен соработник, Лајден Универзитет, Холандија

проф. д-р Каланоски Димитрија, Универзитет на Манчестер, Велика Британија

проф. д-р Тихомир Стојановски, Факултет за драмски уметности

проф. д-р Валентина Божиновска, Факултет за драмски уметности

д-р Ник Анастасовски, историчар, македонска заедница од Мелбурн

д-р Ивица Баковиќ, доцент, Филозофски факултет, Загреб, Хрватска

д-р Марјан Патлиџанковски

д-р Зоран Богоевски, историчар

д-р Ицо Најдовски, историчар

м-р Марјан Гијовски, Архив на Р. Македонија

м-р Цуте Крајчевски, Архив на Р. Македонија

м-р Филип Марковски, историчар

м-р Игорче Дунимаглоски, историчар

Јулија Митревска, историчар

Слободан Ников, историчар

Кирил Јордановски, историчар

Филип Аџиевски, историчар

Васко Гичевски, историчар

Постави одговор

Your email address will not be published.