Костовски: Парите од Еуростандард завршувале во фирми блиски до СДСМ
Бизнисменот Трифун Костовски во интервју за неделникот „Фокус“ открива детали од приватната истрага што ја водеше за стечајот на Еуростандард банка, која ќе ја објави во понеделник.
За тоа каде завршувале парите кои биле повлекувани од банката како кредити без покритие, вели дека најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до СДСМ.
На прашањето дали има сознанија каде завршувале парите што биле земени како кредити без покритие, тој вели: Најголем дел завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката.
За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните дванаесет месеци пред самиот стечај.
Сѐ уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка!? Дали блискоста на Петкоски со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен.
Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени.
Целиот текст во новиот број на Фокус.