Илинденската коњаница против Северна и владата на Ковачевски, упатија јасна порака до него! А на илјадници граѓани им беше забрането да присуствуваат на прославата на Илинден кај Мечкин Камен, говорот на Ковачевски го слушаа партиските членови на СДСМ
Револт против Северна, небројни извици: „За кого – За Македонија“!
Ова беа пораките кои Илинмденската коњаница и огромен број приврзаници ги упатија до Премиерот Ковачевски и владината делегација.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, после положувњето на цвеќе изјави:
„За жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба“.
Новинари го прашаа што им било објаснето на граѓаните на кои им било забрането да дојдат на прославата.
„Ги немало во протоколарната листа. Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме“, рече Николоски.
Прашан за колку граѓани станува збор, Николоски одговори „За илјадници“!
Бидејќи на граѓаните им беше забранет пристап, а опозицијата го напушти настанот, говорот на Ковачевски го слушаа партиските симпатизери на СДСМ.