За другите нема, но 1,1 милиони евра за санирање на канализација во Арачиново има
Првиот вицепремиер на владата, Артан Груби на својот профил на Фејсбук се пофали дека „конечно ќе се санира канализацијата во Општина Арачиново“.
Груби објави дека на владина седница била изгласана одлука за спроведување на постапката за јавна набавка за санација на каналот за отпадни води во оваа општина. За оваа намена Владата ќе издвои 1,1 милиони евра.
Исклучително важна инвестиција вредна околу 66 милиони денари во служба на квалитетен живот на жителите на Арачиново. Исто така, денеска ја усвоивме информацијата од Министерството за земјоделство за обесштетување на штетите на земјоделците од поплавите во 2016, 2017 и 2018 година кои изнесуваат вкупно 10% од претрпените штети. Наскоро ќе почне процесот на исплата на планираните средства“, објави Груби.