Панчевски: Приказна за таткото албанец, таткото македонец, реформата во правосудството и 20% судии од оние 8% доверба
Деновиве се подготвувам за извршување на казната затвор секако со дигната глава, секојдневно комуницирам со луѓе и се движам низ центарот на Скопје, каде сум роден и живеам безмалку 50 години без страв дека некој зад грб ми спрема зло. Злото сепак е имагинарна работа има само лоши и добри луѓе околу нас, понекогаш ги знаеме, понекогаш не, но тука се живеат од омраза и лага за сопствениот живот, посакуваат туѓи животи и завидуваат на туѓи животи.
Но тоа не е темата на пишаново, подолго време не пишував јавно бидејки бев оптоварен со сопствени проблеми наметнати од друг најповеќе од “убавините на животот” во нашава Македонија (секако кажано со сарказам) и поради тоа не бев присутен во јавноста, но ете како и се што има свој крај така и ова со Акмисот си доби свој судски конечен епилог и заврши во сите инстанци, конечно можете да спиете мирно – осуден сум правосилно на две ипол години затвор и многу скоро ќе се јавам во затворот за казната да ми биде извршена. (Секако не во Струга туку во Скопје, кај обичните смртници) Единствено нешто за што сум му благодарен на Бога е што од моето дело нема последици, никој нема штета, нема оштетени лица и никој немал корист, ова со соопштение го утврдија и Врховните судии:
Фаик Арслани
Африм Фидани
Сафет Кадрии
Беса Адеми
Мирјана Лазарова Трајковска поранешна од Стразбур
Одлучија правосилно и ми ја запечатија казната одредена од судијата Валентина Ѓоргиевска од Велес потврдена од кривичниот совет од Апелациониот суд Скопје предводен од Лидија Зимбовска, Татјана Дуковска и Енвер Беџети сите наведени некогашни мои колеги со кои едно време сум имал и професионални релации. Деновиве тие ја докажаа и покажаа сопствената “стручност” !!!
И се е ок, судски прецизно како хирушка медиумска судско-политичка операција иако со минорен процент на грешка од 8%.
Ете “правдата” е задоволена јас казната ќе ја издржувам и ќе има многу задоволни лица и исполнето его на Вождот, но и тоа ќе помине, сепак и тоа е за луѓе. Многу биле излегле и продолжиле со животот, а животот во нашата Македонија е една до две улици, поминуваш и сакајки или несакајки се среќаваш. Јас одамна бев подготвен за ова и ваквата завршница, никогаш ни најмалку не ја чекав нивната судијска милост бидејки за такво нешто треба сериозно знаење и стручност.
Баш денес седиме и им раскажувам на моите две малолетни деца Ф-14 и М-8 за една скорешна судска сторија (подолу од сликата), се зборува за еден пиштолџија Цуфи кој требало да одговара за казна законски предвидена од 1 до 5 години затвор идентична казна како за кривично дело за кое и јас сум осуден, во сторијата тој кутар човек штитејки го својот имот пукал во толпа народ предизвикувајки значителна опасност по животот и телото на луѓето, и им раскажувам на моите деца дека и тој човек бил татко и имал дома малолетни деца како нив и дека сега тој кутар човек ќе мора 4 месеци да биде во затвор како и нивниот татко две ипол години, разговараме и со разговорот полека се збогуваме не за вечност иако така ни наликува туку на две ипол години бидејки на малолетни деца не им е дозволена посета в затвор и одеднаш не обзема некоја радост од сознанието дека кутриот Цуфи за само 4 месеци ќе ги види и прегрне своите малолетни деца, полесно ни е на тројцата иако настанува некој чуден молк и тишина.
Господ да ве благослови како што тоа тој најдобро го знае!