Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ организира протест на 18-ти јуни, а Македонија излегува на најголемиот протест, премногу е 46 денари власта да печали на акцизи на нафта

„ВМРО-ДПМНЕ организира протест на 18-ти јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, а Македонија излегува на најголемиот протест веројатно досега случен во историјата на независна Македонија. Импулсот што го добиваме од државата и од сите граѓани е токму тој дека е премногу и дека ова е протест во кој што ќе се бараат промени во државата.И тоа промени на власта бидејќи навистина ова е премногу и е неиздржливо за граѓаните, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Стоилковски додаде дека прекуглава им е на граѓаните да брзаат да стават бензин во своите автомобили бидејќи цената по полноќ ќе се качи. На граѓаните им е премногу веќе и од чекањето пред драгсторите за да ги купат основните прехранбени продукти поевтино.

„Секоја одлука што ја носи РКЕ на страната стои онаа методологија по која што се пресметува и се носи онаа цена која што е актулена. Претседателот на РКЕ е член на СДСМ. Човекот е партиски кадар на кој што неговата партизираност излезе уште во моментот кога не ги регулираше цените кога требаше во јуни, затоа што беше изборен период туку чекаше да помине па да ја качи цената на струјата. Таа методологија која што ја објавува РКЕ стои точно колку е највисоката максимална цена на горивата кои што може да се продаваат во малопродажба. Па подолу стои колку е набавната цена во моментот на горивата кои што се увезени бидејќи не произведуваме горива. И понатаму стои која е максималната маржа, трговска маржа за складирање, па понатаму има еколошка такса, стојат акцизите и данокот на додадена вредност. И така се добива сметка фактички колку се горивата во Македонија“, појасни Стоилковски.

Тој дури посочи дека кога ќе се погледне колку е набавната цена, колку е пазарната цена на горивата доаѓа дека некаде од 40 до 46 денари на едно литро гориво печали државата.

„Оваа власт имаше период од шест месеци каде што можеше да излезе со нови антикризни мерки, но за жал дојдовме до моментот каде што оваа власт одбива намалување на акцизите, предлог закон предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието како реална антикризна мерка. Но власта ја одби. А, зошто е одбиена? За да има пари кои што ќе се делат во четири очи и криминални тендери“, појасни портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски укажа дека парламенатрното мнозинство немаше аргумент зошто го одби предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите на горивата.

„Единствена мерка на власта со соочување со кризата е ограничување на маржата на основните прехранбени производи, а тоа ќе е удар на трговците на мало“, рече Стоилковски.