ПАДНА ДЕЛ ОД ЗГРАДАТА И КРОВОТ НА РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВЕЛЕС

Попладнево околу 16 часот, падна дел до зградата на Работничкиот универзитет во Велес. Сведоците на настанот кажуваат дека се слушнал огромен тресок и прво не биле свесни што се случува, за набрзо да видат каква штета е настаната на зградата на Работничкиот универзитет.

Се претпоставува дека ова е последица на неодамнешото рушење на приватна семејна куќа која била буквално долепена до Работничкиот универзитет. Згора на тоа, овој дел е градот е во близина на реката Вардар и почвата изобилува со подземни води. Велешани овие денови беа сведоци на вадење на водата од ископаните темели на приватната семејна куќа која е во непосредна близина.

Зградата на Работничкиот универзитет е стара и потекнува од пред Вторатa светска војна, но сеуште активно се користи.