На денешен ден во 1943 година беше масакрот кај Ваташа
На денешен ден, 16 јуни 1943 година, се случил масакр — кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа, во близина на Моклиште, кај месноста Чаир, на 2 км оддалеченост од Ваташа.
Колежот бил извршен од бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков, под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.
Во нивна чест, писателот Славко Јаневски им ја посветил неговата славна „Цветови“! СЛАВА ИМ.