Коста Делов: СЕКОЈ КОЈ САКА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ОВОЈ УЖАС, БЕЗ ОГЛЕД НА ПАРТИСКА ИЛИ БИЛО КАКВА ОПРЕДЕЛБА, ДА ДАДЕ ПОДДРШКА НА ПРОТЕСТОТ НА 18ти ЈУНИ!

На почетокот на владеењето на овој режим први и единствени негови жртви бевме ние, осудените за настаните од 27 април. Потоа следеше понижувачкиот Преспански договор со кој се смени уставното име на државата, но и идентитетот, како и други отстапки на сметка на нашите национални интереси, иако ни се гарантираше дека нема да се преговара за идентитетот. Сега во преговорите со Бугарија се отворени уште повитални прашања околу Македонскиот национален идентитет. Речиси секојдневно трпиме разни понижувања од различни страни.

Покрај се што се случуваше последниве години, мора да се спомеме и извонредната неспособност на оваа власт во водењето на буџетот, јавните расходи, капиталните инвестиции и привлекувањето на странски директни инвестиции. Со оваа власт јавниот долг од ниво на 46 % од БДП, оваа година се искачи на над 60 % од БДП. Згора на тоа сега пак се задолживме и тоа за 900 милиони евра. Капитални инвестиции речиси и да нема, а откако оваа гарнитура е на власт, Македонија од лидер стана последна држава во регионот по странски директни инвестиции. Врвот на извонредната неспособност на оваа власт е во начинот на справување со енергетската криза и со инфлацијата. Се испофалија кога ја накачија минималната плата, што беше чиста популистичка мерка, ама цените се зголемија многукратно повеќе. Се осиромашува и онака осиромашениот народ. Секојдневно се се поскапува.

На почетокот жртви на оваа власт бевме само ние, осудените за настаните од 27 април. СЕГА ЦЕЛИОТ НАРОД НА ОВАА ДРЖАВА Е ЖРТВА НА ОВАА ВЛАСТ.

ЈАС ВЕРУВАМ ВО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ КАКО ЛИДЕР И ЈАВНО ЈА ДАВАМ МОЈАТА БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДДРШКА ЗА НЕГО И ЗА ВМРО-ДПМНЕ ! ЈАВНО ГО ПОДДРЖУВАМ ГОЛЕМИОТ СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ НА 18 ЈУНИ И ГО ПОВИКУВАМ СЕКОЈ КОЈ САКА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ОВОЈ УЖАС, БЕЗ ОГЛЕД НА ПАРТИСКА ИЛИ БИЛО КАКВА ОПРЕДЕЛБА, ДА ДАДЕ ПОДДРШКА НА ОВОЈ ПРОТЕСТ !

Линк:

https://www.facebook.com/profile.php?id=100063856770612