По пет години Горан Ангелов заедно со семејството на викенд

Горан Ангелов, од групата која доби драконски казни за 27 април за наводен тероризам, првпат после пет години е заедно со семејството.

Откако Ангелов беше осуден на 12 години затвор, во писмо до сопругата Наташа ѝ напиша да не тагува и да се чува.

Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив. Тоа е Македонија. Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата. Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство. Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е. Не тагувај, да знаеш дека и покрај се, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија. Чувај ми се, Наташа, пишуваше Ангелов во писмото до сопругата и семејството што беше објавено на Фејсбук.