Петкоска: ЗА ЛАЖНА НАДЕЖ НЕ СЛЕДУВА АПЛАУЗ МИНИСТЕРЕ!
Фејсбук статус на Лидија Петкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид:
ЗА ЛАЖНА НАДЕЖ НЕ СЛЕДУВА АПЛАУЗ МИНИСТЕРЕ!
Читам најава „Министерот Kreshnik Bekteshi , во недела 22-ри мај 2022 година ќе биде во посета на Охрид. Ќе оствари средба со трговци од охридко-струшкиот регион и ќе ги информира за предложените измени и дополнувања на Законот за трговија за „Недела неработен ден“ во туристичките места“.
Местото не е наведено – часот не е наведен! Значи…тие што сакаат да поразговараат со министерот ќе мора да крстарат цел ден низ Охрид во надеж дека ќе имаат среќа да го сретнат.
За разлика од нив, оние што се подготвени за аплауз без да ја слушнат содржаната, сигурна сум дека точно знаат Кога и Каде треба да бидат.
Бидејќи не сум дел од привилегираните, сакам јавно да му поставам на министерот неколку прашања:
1.Кој е предлагач на Законот што денес ќе го промовирате? Министерството за економија или група пратеници?
2.Како може министере, да промовирате закон кој сè уште не е доставен до Собранието и пратениците и кој не поминал на комисија на работното тело?
3.Ако сте толку загрижен за трговците во туристичките места, министере, зошто законот втора недела не е ставен за разгледување на комисијата за економија?
4.Како однапред знаете министере, како ќе изгледа финалната верзија на Законот што тргнавте да го промовирате?
5.Каде Ви е гласноговорничката Јагода Шахпаска, министере, за заедно да им објасните на работниците зошто им дадовте лажна надеж дека е возможно да не работат во недела во туристичко место како Охрид?
6.Колку викенди и празници поминаа додека се освестивте министере?
7.Колку вработени се испуштија токму заради избрзаното и непресметано носење на Законот за трговија?
8.Колкав промет на трговците во туристичките места им „изеде“ законот?
9.Колку туристи одвративте од намерата да го посетат Охрид за време на викенд и празник?
И…10.Што ќе си купите од Охрид денес и од каде, министере?
Законот познат како Недела неработен ден почна да се применува од 1ви јануари, за после нецели 4 месеци да сфатите дека не чинел!?Денес ќе им кажете на трговците од Охрид дека законот ќе се врати по старо и со сиот ум очекувате БРАВО да ви речат!?
ПРОМАШЕН ВИ Е ЗАКОНОТ И ЗАДОЦНЕТА ВИ Е СРЕДБАТА МИНИСТЕРЕ!
Оваа средба требаше да се случи пред да се испофалите и да им дадете лажна надеж на работниците во туристичките места дека ќе бидат слободни во недела!
А…ЗА ЛАЖНА НАДЕЖ НЕ СЕ ДОБИВА АПЛАУЗ МИНИСТЕРЕ!
Залудно сте дошле во Охрид, освен секако, ако од свој џеб си го платите кафето и ручекот!
За граѓаните, за моите охриѓани и за туристичкиот развој на нашиот Охрид одговорно тврдам не се виновни газдите, а уште помалку работниците!
Виновна е оваа недоделкана власт која не е способна да осмисли бар едно законско решение, без да им наштети на граѓаните и државата!
Линк до статусот: