Новата анкета на ИПСОС предвидува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

МИЦКОСКИ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ И ОЧЕКУВА ЗАЕВ ДЕНЕС ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА  - Сакам Да Кажам

Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори, победата би ја однела опозициската ВМРО-ДПМНЕ со 18.2% од гласовите на избирачите, покажува најновата анкета на ИСПОС, спроведена од 2 до 16 март на примерок од 1007 испитаници.

СДСМ би добило 9,5 %, Левица 4%, ДУИ е со осетен пад на довербата – 4.1%, Алијанса за Албанците 3.5%, а Беса со 1.2%.

На прашањето „На кој политичар можете најмногу да верувате?“, 9% се изјасниле за Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски има доверба од 6% од анкетираните, додека на премиерот Димитар Ковачевски му веруваат 4 %. Али Ахмети има доверба од 3%, а исто толку и Димитар Апасиев.

Неопределени биле 16.5% од испитаниците, а одбиле да одговорат 15.9%.