ЕРДОГАН И ПУТИН СЕ ДОГОВОРИЈА: Новата рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе биде во Истанбул!

ERDOGAN I PUTIN DOGOVORILI: Nova runda pregovora Rusije i Ukrajine biće u Istanbulu!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор се договориле следната рунда разговори меѓу руската и украинската делегација да биде организирана во Истанбул, соопшти денеска кабинетот на Ердоган.

Турскиот претседател, како што се посочува, на својот руски колега во денешниот разговор му рекол дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот и подобри хуманитарни услови, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

„Ердоган укажа на важноста од прекин на огнот меѓу Русија и Украина, спроведувањето на мирот и подобрувањето на хуманитарните услови во регионот“, соопшти неговиот кабинет.

Се додава дека се договориле следната рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија да се одржи во Истанбул.

Претходно денеска украинскиот преговарач Давид Аракамија изјави дека Киев и Москва утре ќе ги продолжат разговорите во Турција. Според него, преговорите ќе се водат во Турција од 28 до 30 март.