Мицкоски со порака до власта: Нема вечно да ви траат црвените килими, и луксузните коли, набрзо следува одговорност
Премиерскиот мандат не се само службените возила, црвените дебели килими и кожните фотелји, треба да имате програма, да имате платформа и треба да реализирате политики кои што овој човек и овој состав на неговиот кабинет не ги реализира, а тоа се политики кои што му се потребни на народот и на државата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.
На прашањето дали смета дека владата ќе ги политизира протестите во насока дека опозицијата протестира, а не дека народот има реално мака, Мицкоски потенцираше дека се зголемува бројот на граѓани кои сметаат дека владата треба да замине што побрзо, упатувајќи и порака на владата дека нема вечно да траат тие црвени килими кожни фотелји и службени возила, односно како што рече тој тоа набрзо ќе заврши а потоа следува одговорност.
Јас очекувам да заокружат некој член на ВМРО-ДПМНЕ кој што е дел од тие протести и ако, тие нека заокружуваат, но на крајот од денот луѓето протестираат затоа што си имаат мака и колку повеќе тие водат политики спротивни на интересите и чувствата и перцепцијата на граѓаните толку пониско ќе паѓаат. И ако до пред некој месец тие што велеа дека државата ни оди во спротивна насока и дека оваа владата треба да замине беа две третини, сега се три четвртини и ќе бидат многу повеќе. И ќе дојде момент кога сето ова што го прават ќе им се удри така жестоко од глава, а ќе дојде исто така и денот кога ќе треба да ја понесат сметката и одговорноста, нема вечно да трае дебелиот црвен килим, кожната фотелја и службените мерцедеси. Тоа нема да трае вечно, тоа ќе заврши многу скоро од денес, порача Мицкоски.