Мицкоски на „Клик плус“ на Телевизија 21: Просветните лица ја имаат нашата поддршка за протести за зголемување на платите
Ние поднесовме закон каде побаравме да биде направено нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата, која беше усвоена од страна на Владата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.
Мицкоски посочи дека претседателот на Синдикатот беше многу гласен, а сега никако да го слушнеме да ги штити правата на останатите работници. Никаде го нема човекот сега да побара нивелирање на останатите плати.
„Најнискиот коефициент на сложеност во моментот е минималната плата со основно образование од 18,000 денари а асистентот коишто е примен е со 23,000 денари а треба да е магистер на науки, тогаш како ние ќе ги мотивираме младите да се бават со наука“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека доколку најнискиот коефициент на сложеност е со основно образование, тогаш како ние младите студенти кои имаат по 9,50 или 10 просек и сакаат да се бават со наука ќе ги мотивираме да се бават со наука а платата за тоа е 23,000 денари.
Тој е дециден дека очигледно се нема слух од страна на власта за нашиот закон за нивелација на коефициентите на сложеност, а најмногу ме загрижува што нема слух кај претседателот на Синдикатот кои што треба да ги штити правата на останатите работници како и на СОНК.
„СОНК како што најави протести ја има нашата поддршка за протести за платите на просветните работници. Наставниците, професорите да бидат спокојни никој нема да им се заканува барем на локално ниво автократијата е поразена“, заклучи Мицкоски.