ЗЕЛС и даде на Владата рок од седум дена за одговор за состанок за изнаоѓање решенија на нивните барања врзани за горливите проблеми
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на 5-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на која се разговараше за проблемите со кои се соочија македонските општини поради актуелната енергетска криза.
Соопштението на ЗЕЛС го пренесуваме во целост:
“Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на 5-
та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната
самоуправа (ЗЕЛС) на која се разговараше за проблемите со кои се соочија
македонските општини поради актуелната енергетска криза.
На средбата ЗЕЛС донесе заклучок да и даде на Владата рок од седум дена за одговор за состанок за изнаоѓање решенија на нивните барања врзани за горливите проблеми, а доколку нема одговор, оттаму најавија дека ќе следат сериозни чекори.
Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа уште во февруари побараа
итен состанок со Владата, со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници на
ресорите кои се директно поврзани со справувањето со последиците од
енергетската криза за да се најде решение за проблемите на граѓаните на локално
ниво.
Градоначалниците веќе подолг период укажуваат на повеќекратно
зголемување на сметките за електрична енергија, а во некои општини и за повеќе
од 500 проценти во однос на тие пред почетокот на кризата.
Претставниците на ЗЕЛС бараат навремена реакција од Владата за надминување
на оваа состојба особено со пренесените надлежности за кои Владата треба да ги
исполнува своите обврски, а доколку тоа не се случи час поскоро, ќе се доведе во
прашање функционирањето на локално ниво.
На денешната седница градоначалниците, меѓудругото, дискутираа и за
проблемите што ги имаат најголем дел од општините со Агенцијата за катастар на
недвижнини, поради што има огромни проблеми во прибирањето на ажурирани
податоци за наплата на данокот.” – стои во соопштението на ЗЕЛС.