838 нови случаи на Ковид-19 и 22 починати
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Починатите лица се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.